„Дополнителни услови за користење“ за крајни корисници на „Карти на Google“
Последна измена: 4 јуни 2025 година
Со користењето на „Карти на Google“ или производи или услуги од трети страни што ги интегрираат услугите на платформата за „Карти на Google“, вие, како краен корисник, мора да ги прифатите (1) „Условите за користење“ на Google и (2) овие „Дополнителни услови за користење“ на „Карти на Google“ („Дополнителни услови за користење“ на „Карти“). „Дополнителните услови за користење“ на „Карти“ ги вклучуваат како референцијаПравните известувања за „Карти на Google“/Google Earth и API за „Карти на Google“/Google Earth.
Внимателно прочитајте го секој од документиве. Заедно, документиве се познати како „Услови“. Тие поставуваат што може да очекувате од нас при користењето на нашите услуги, како и што ние очекуваме од вас.
Ако ги користите функциите наменети само за трговци во „Карти на Google“ за да управувате со вашиот „Профил на бизнис“, тогаш за тоа користење важат „Условите за користење“ на „Профил на бизнис на Google“ на https://support.google.com/business/answer/9292476.
Ви препорачуваме да ја прочитате нашата „Политика за приватност“. Во неа е објаснето кои податоци ги прибираме, зошто ги прибираме и како може да ги ажурирате, да ги извезувате и да ги бришете, а и да управувате со вашите податоци.
Лиценца. Сѐ додека ги почитувате овие „Услови“, „Условите за користење“ на Google ви даваат лиценца за користење на „Карти на Google“, што опфаќа функции што ви овозможуваат:
да прегледувате карти и да додавате прибелешки во нив;
да создавате KML-датотеки и слоеви на карти; и
да прикажувате содржини јавно со соодветно цитирани извори онлајн, во видео и во отпечатен облик.
За повеќе детали за конкретните работи што е дозволено да ги правите со „Карти на Google“, одете на страницата со дозволи за користење „Карти на Google“, Google Earth и „Уличен приказ“.
Забрането однесување. Вашата сообразност со овој Дел 2 е услов на вашата лиценца за користење „Карти на Google“. При користење „Карти на Google“, не смеете (или да им дозволите на лицата што дејствуваат во ваше име):
да прераспределувате или да продавате делови од „Карти на Google“ или да создавате нов производ или услуга според „Карти на Google“;
да ги копирате содржините (освен ако сте добиле дозвола за тоа од страницата со дозволи за користење „Карти на Google“, Google Earth и „Уличен приказ“ или важечки закон за интелектуална сопственост, заедно со „фер употреба“);
масовно да преземате или да создавате групни фидови од содржините (или да дозволите друго лице да го прави тоа);
да користите „Карти на Google“ за создавање или зголемување други збирки податоци поврзани со мапирање (вклучително и збирки податоци за мапирање или навигација, база на податоци за огласи за бизниси, мејлинг листа или список за маркетинг преку телефон) за користење во услуга што е замена за „Карти на Google“ или е значително слична со „Карти на Google“; или
да користите делови од „Карти на Google“ со производи или услуги на други луѓе за или во врска со навигација во реално време или контрола на автономно возило, освен преку конкретна функција обезбедена од Google, како Android Auto.
Реални услови; прифаќање ризик. При користењето на податоците за картите, сообраќајот, насоките и другите содржини на „Карти на Google“, може да утврдите дека реалните услови се разликуваат од резултатите на картите и содржините, па донесете одлука самостојно и користете „Карти на Google“ на сопствен ризик. Вие ја сносите одговорноста, а и последиците од вашето однесување во секое време.
Вашите содржини во „Карти на Google“. Содржините што ги прикачувате, внесувате, складирате, испраќате или примате преку „Карти на Google“ подлежат на Условите за користење на Google, вклучително и лиценцата во делот со име „Дозвола за користење на вашите содржини“. Меѓутоа, содржините што остануваат само локално на вашиот уред (на пр., локално зачувана KML-датотека) ниту се прикачуваат ниту се испраќаат до Google, што значи дека не подлежат на лиценцата.
Владини крајни корисници. Ако користите „Карти на Google“ во име на владин орган, важат следниве услови:
Меродавно право.
За градските или државните владини органи во Соединетите Американски Држави и Европската Унија, делот во „Условите за користење“ на Google за меродавно право и место нема да важи.
За федералните владини органи во Соединетите Американски Држави, делот во „Условите за користење“ на Google за меродавно право и место е заменет со следново:
„Овие „Услови“ ќе се регулираат, толкуваат и спроведуваат во согласност со законите на Соединетите Американски Држави без оглед на конфликтот на законите. Само до степенот дозволен со федерален закон: (А) законите на државата Калифорнија (со исклучок на правилата за конфликт на закони на Калифорнија) ќе се применуваат во отсуство на важечки федерален закон и (Б) сите спорови кои произлегуваат од или се однесуваат на овие „Услови“ или „Карти на Google“ ќе се решаваат исклучиво во федералните судови во округот Санта Клара, Калифорнија, а странките ќе се согласат на лична надлежност во тие судови.“
Ограничени права на Владата на САД. Целокупниот пристап или користењето на „Карти на Google“ од или за федералната влада на Соединетите Американски Држави подлежи на делот „Ограничени права на Владата на САД“ во Правните известувања на „Карти на Google“/Google Earth.